Истражувачите од Хонг Конг ги тестираат хрчаците: „Маските значително го намалуваат ширењето на коронавирусот“
Тестовите на хрчаци покажаа дека употребата на заштитни маски значително го намалува ширењето на коронавирусот, објавија научниците од универзитетот во Хонг Конг.
Ова е една од првите студии кои испитуваат дали носењето маски може да спречи коронавирусни носители, без оглед дали имаат или немаатсимптоми, да заразат други луѓе.
Под водство на професорот Јуен Квок-јунг, признат експерт за коронавирус, научниците поставија кафези со претходно заразени хрчаци во близина на кафезите на здрави хрчаци.
Преносот на вирусот е намален за повеќе од 60 проценти.
Хируршките маски беа поставени помеѓу два кафези со проток на воздух од заразени животни до здравите.
Резултатите покажаа дека преносот на вирусот е намален за повеќе од 60 проценти кога беа поставени маски помеѓу кафезите. Две третини од здравите хрчаци се заразиле во рок од една недела по отстранувањето на маските.
Стапката на инфекција се спушти на нешто повеќе од 15% кога маските беа поставени на кафезот на заразените животни и на 35% кога беа ставени на кафезот на здрави животни.
„Јасно е дека најважно е заразените лица да носат маски“, рече Јуен пред новинарите.