Изгради самоодржлив пловечки остров од рециклирани материјали: На него живее 17 години

Лебдечкиот дом е главниот простор за живеење веќе 17 години за еден необичен маж, а додека поседува се во него, тоа не го чини ништо (речиси брз пари) во исто време ...

Човекот кого го нарекуваат Сенка, му дал на светот увид во неговото лебдечко кралство, кое тој го нарекува дом. За некои луѓе овој начин на живот отсечен од светот е вистинскиот излез од машинеријата, додека други се целосно згрозени.

Тој одлучи дека сака живот опкружен со природа, заштита на дивиот свет и екологијата. Двокатниот остров на овој човек е целосно создаден од собран и рециклиран материјал, додека неговата главна цел е да ја заштити областа Виџон Слау и нејзините води во Британска Колумбија. 

За него оваа област е загрозена од развојот и затоа прави се што може да го елиминира јаглеродниот отпечаток и влијанието врз земјата.

Пловечкиот дом на Сенка има се, од кујна, преку бања, до садници и пловечката градина. Не користи пари и живее целосно од тоа што го сади, но животот надвор од сите општествени норми не е секогаш рај. Како што изјави самиот креатор на овој самоодржлив пловечки остров, една од најважните работи што треба да се земе предвид е греењето. 

Тој секогаш се труди да направи доволно залихи на дрва за да може да го загрее својот животен простор за време на суровите зимски услови во Канада.

Со сите проблеми што ги има, она што го изгради Сенка без сомнение може да се нарече прилично неверојатно. 


Сè уште заработува пари со рециклирање на различни материјали, но неговата кујна сепак изгледа како лесно да може да се вклопи во сечиј дом. Во ретки прилики, Сенка оди на кратки патувања надвор од островот за да собере залихи или да ги посети своите пријатели во градот.