„Изгубив контакт со реалноста“: Лејди Гага за нејзината борба со менталното здравје

Пејачката и актерка Лејди Гага, со вистинско име Стефани Германота, неодамна во подкастот The Interview на Њујорк Тајмс зборуваше за менталната борба низ која поминала пред неколку години.
Таа откри дека пред пет години доживеала сериозна психичка состојба и рече дека еден период „го изгубила контактот со реалноста“. Оваа исповед фрла нова светлина врз нејзината одлука да направи подолга пауза од музичката кариера пред објавувањето на нејзиниот нов албум Mayhem. Како што вели таа, закрепнувањето било долго и барало години посветена работа.
Поддршката од нејзиниот вереник беше клучна во нејзиното закрепнување
Еден од најважните луѓе во процесот на нејзиното закрепнување беше Мајкл Полански, нејзиниот вереник, кој го запозна во 2019 година. Иако таа веќе се чувствуваше подобро во моментот на нивниот состанок, Полански брзо забележал дека може да биде посреќна. „Тешко ми беше да го слушнам тоа бидејќи не сакав да мисли дека не сум среќна“, признала Гага. Сепак, таа истакна дека неговата љубов и грижлива природа одиграла пресудна улога во нејзиното ментално здравје и личен раст.
Борбата меѓу јавните и приватните личности
Еден од најголемите предизвици за Гага беше усогласувањето на нејзината сценска личност со приватниот живот. Разликата помеѓу тоа што е интензивен, енергичен изведувач на сцената и нејзината лична желба за потивок, позатскриен живот беше постојан извор на внатрешен конфликт. „Сакам да мислам дека сум добра личност, но во мене има дивјаштво, цврстина и интензитет што ги изразувам на сцената. Затоа морав да научам како да ги одржувам тие две страни во себе во рамнотежа", објаснува таа.
Гага објаснила како низ годините се променил нејзиниот поглед кон хаосот и интензитетот: „Научив да не досипувам бензин на тоа. Некогаш сакав повеќе хаос, живеев на работ. Сега сум горда, што сум многу повеќе здодевна. Бев автентична и порано - тоа бев јас. Само што тогаш автентично влетував во различни карактери. Претпоставувам дека автентичноста е субјективна. Сега чувстувам дека сето тоа полесно можам д аго држам под контрола“, изјавила Гага.
Справување со предизвиците за менталното здравје
Пејачката отворено проговори и за предизвиците со кои се соочила кога станува збор за менталното здравје. Таа рече дека се срами од нејзините проблеми и дека не сака тие да ја дефинираат. И покрај тоа, таа нагласи колку е важно отворено да се зборува за менталните попречености и да се разбие стигмата околу нив. „Не треба да се срамиме ако поминуваме низ тешки периоди. Може и подобро“, рече таа.
Мајчинството како нов предизвик
Покрај споделувањето искуства од минатото, Лејди Гага изрази возбуда за иднината, особено за идејата за мајчинството. "Возбудена сум поради можноста да станам мајка. Некогаш ме плашеше, но сега гледам поинаку. Најважно ми е што на моите деца да не им наметнувам живот кој тие не го избрале. Мораме да им дадеме доволно простор да откријат кои се тие навистина", искрено рекла Гага.
Фото: ИнстаграмИзвор: Index.hr