Излегувал со 35 жени во исто време, ги лажел за да добие што повеќе подароци за роденден
Фото: MBS News
Такаши Мијагава од Осака е 39-годишник без постојана адреса, кој измамил 35 жени со кои бил во врска.
На сите им ги соопшти лажните датуми на неговиот роденден, а тие му купиле подароци со вкупна вредност од скоро 48.000 денари. Им рекол на сите овие жени дека смета дека нивната врска е сериозна и дека дури и ќе се ожени со нив.
Тој ги запознал додека им продавал опрема за туширање. Но, неговата измама наскоро започна да излегува на виделина и измамените девојки го пријавија во полиција, пишува Japan Today.
Откако на Интернет се прошири веста за Мијагава, многумина ја коментираа. „Можете ли да замислите колку е потребно планирање и организација за да се поврзете со 35 луѓе одеднаш?“, „Дури и ако тој гледа една од неговите девојки секој ден, сè уште нема време за сите за еден месец“, „Ужасно е, но и импресивно“, беа некои од коментарите.