ИЗОЛАЦИЈА: Што прават нашите ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ во време на коронавирусот?
Две недели вонредна состојба, изолација, самоизолација... Коронавирусот иако невилив, се „гледа„ насекаде. За сите, оваа ситуација е нешто ново и мораме да се прилагодуваме. Полицискиот час беше уште една од мерките на Владата, па ега времето за излегување е многу рестриктивно.
Во вакви моменти, сите најветојатно сме дома. Кој спокојно, кој со нервози, кој во депресија, кој си игра игри, чита книги, гледа филмови...Секој со своето. Позитивниот дух не треба да падне!!!
Сето ова че се промени!!! И ќе научиме лекција...
И нашите познати јавни личности се дома. Секој на своја страна. Тие постојано објавуваат фотографии и видеа на нивните профили на социјалните мрежи и се обидуваат да ја анимираат публиката, да го поткренат расположението или едноставно да ни кажат дека се дома и дека ретко излегуваат. Немаат ангажмани, па времето помнато во изолација го користат за различни нешта.
Каролина Гочева
На својот Инстаграм профил, „маледонското девојче“ објави фотка од Битола, нејзиниот роден град, на која се гледа градот во веме на полициски час. Таа не’ информира дека Битола ги почитува правилата и на улиците нема никој.
Игор Џамбазов
Шоуменот е во Дојран. Од фотографијата се гледа дека пронашол одлично место за изолација.
Калиопи
Поп дивата секој ден на Инстаграм има свој мини концерт. Има армија од следачи и заедно пејат песни и уживаат во вируленото друштво.
Тамара Тодевска
Семејно е во Гевгелија. Но, кога оди во маркет, и тоа на брзина, задолжително носи маска или шал, ракавици и очила.
Елена Ристеска
И дома, нема проблем да вежба. Подвижна е, не се откажува од добрата фигура.
Горан Пандев
Фудбалерот веќе излезе во јавноста со свој став околку коронавируот и токму тоа треба сите да го почитуваме. Пандев е дома и нема во моментов ангажмани.
Даниел Кајмакоски
Дури и кога оди некаде, а тоа е само до маркет, носи задолжително маска.
Дејан Манасков
Ракометарот ја користи изиолацијата за да остане во форма. Па затоа вежба постојано.
Васил Завирчев
Актерот си има милениче и проблем му е како да го шета во време на полициски час? Но со новите мерки на Владата, ќе може сепак да го изнесе надвор.
Н.Т.