Израелските научници со анализа на отпадни води ја пратат ситуацијата со коронавирусот
Анализата на отпадни води може да го одреди степенот на ширење на пандемијата на коронавирус, а новиот метод може да послужи и како рано предупредување за потенцијален нов бран на епидемијата, велат израелските научници, како што објавија од „Ерусалим Пост“.
Израелските експерти започнаа со анализа на отпадните води и канализацијата во обид да го проценат бројот на заразени лица на израелското население. Со новиот метод, тие сакаат да создадат „еден вид систем за рано предупредување за вториот бран на инфекција“, рече Др. Итај Бар-Ор, шеф на државната лабораторија за животна средина кој работи во Министерството за здравство.
Тимот на научници, кој заедно со Бар-Ор го сочинуваат биотехнолозите Ариел Кушмаро и Ехуд Ринот и Стела Голдстајн-Горен од Катедрата за биотехнологија и инженерство, започна со тестирање на отпадни води на Универзитетот во Бер Шева.
Наизменично земаат примероци од канализацијата
Тие беа во можност да го поврзат откритието на коронавирус во канализацијата со области со особено висока стапка на инфекција.
Другите влади исто така се заинтересирани за овој процес и Франција и Италија размислуваат сами да започнат тестирања, рече Кушмаро.
Низ целата земја, примероците од канализација треба да бидат земени по случаен избор, замрзнати на минус 80 степени и да се анализираат во лабораторија, објасни тој.
Екипата на Кушмар успеа да докаже дека особено голем број на инфекции со коронавирус во градот Бнеи Брак, во близина на Тел Авив, е поврзана со поголема концентрација на патогени во тамошниот одвод.
„Упеавме да ја докажеме корелацијата“, рече тој.
Една од предностите на овој метод е што коронавирусот може да се открие од отпадните води многу брзо, три дена по инфекцијата или два дена пред да се појават првите симптоми, тврди Кушмаро.
„На овој начин, побрзо може да се открие нов бран на инфекција и надлежните можат веднаш да реагираат и да ги воведат потребните мерки“.
Друг позитивен аспект е дека тестирањето не нарушува нечија приватност. „Никој не е именуван, само наведени погодените населби“, објасни научникот.
Илустрација: EPA