Изум кој може да спаси милиони: Инженер пронајде машина која произведува вода за пиење- од воздух

Една мала машина може да произведе 50 до 75 литри вода дневно и е лесно пренослива

Шпанската компанија смисли систем за извлекување на вода за пиење од воздухот што ќе ги снабдува сушните области каде што луѓето очајно имаат потреба од вода за пиење.

„Целта е да им се помогне на луѓето“, вели Енрике Вега, 82-годишен инженер, кој ја измислил машината за време на силната суша во јужна Шпанија во 1990-тите.

- Целта е да стигнеме до места како бегалски кампови кои немаат вода за пиење - додаде тој.

Неговите уреди Акваер веќе испорачуваат чиста и безбедна вода до локации во Намибија и Либан.

- Во селата што ги посетивме во Намибија, тие беа запрепастени. Не разбраа, прашаа од каде доаѓа водата - рече тој.

Машините користат електрична енергија за да го разладат воздухот додека не се кондензира во вода, користејќи го истиот принцип што доведува до кондензација во климатизерите.

Додека другите генератори на вода базирани на слична технологија бараат висока влажност на околината и ниски температури за ефикасно работење, машините на Вега работат на температура до 40 Целзиусови степени и можат да издржат влажност помеѓу 10 и 15 проценти.

Една мала машина може да произведе 50 до 75 литри вода дневно и е лесно пренослива. Поголемите верзии можат да произведат до 5.000 литри вода дневно.


Фото и Видео: Youtube