Ја бакна девојката на првиот состанок и усните почнаа да му трнат: Дали сум алергичен на партнерката!?
„Не можам да верувам дека девојките ставаат балсам за усни и намерно предизвикуваат алергиска реакција за да им изгледаат поголеми усните“
Младиот човек го опишал својот шок откако усните почнале да му горат веднаш откако ја бакнал партнерката на нивниот прв состанок.
Имено, Оти Кларк води подкаст со својот пријател Џејк Крег, во кој дуото често разговара за нивниот љубовен живот. Во една неодамнешна епизода од шоуто, Оти откри дека почувствувал необично чувство на печење на усните откако бакнал девојка на нивниот прв состанок, пишува „Дејли мејл“.
Оти се борел со огнено трнење и накратко мислел дека можеби е алергичен на својата партнерка, но таа набрзо ја објаснила ситуацијата откако тој го изнел својот проблем. Жената едноставно имала сјај за усни, кој содржи благи надразнувачи кои ги прошируваат крвните садови, предизвикувајќи привремено отекување на усните.
Оти сподели детали за искуството во видео.
„Бев излезен со девојка и како и секој добар состанок, овој заврши со бакнеж. Почнавме да се бакнуваме, а потоа се повлековме и почнавме повторно да разговараме, но усните почнаа да ми горат. Размислував за тоа што се случува, размислував самo за вечераta, нарачавме пици? Дали сум алергичен на тоа? Што се случува?"
@relateables69 Things we love about girls Pt. 2 #fyp
Оти на крајот попуштил и ја прашал партнерката дали знае зошто му горат усните.
„Дали знаевте дека девојките користат балсам за усни кој има за цел да ги подигне нивните усни за да изгледаат поголеми?“, го праша Оти Џејк.
Открил дека повеќето негови машки пријатели немаат поим за сјајот.
„Не можам да верувам дека девојките ставаат балсам за усни и намерно предизвикуваат алергиска реакција за да им изгледаат поголеми усните“, изјавил Џејк збунето.
Многу жени ја споделија својата наклонетост кон оваа тема.
Извор: www.telegraf.rs