Ја чувала невиноста до 39-тата година, а потоа сопругот ја уништи: Ја сметаа за божество, а почина во страшни маки
Офра Хаза беше легендарна израелска пејачка, а сопругот што го обожаваше ѝ го уништи животот.
Едно од најпознатите имиња во историјата на популарната музика секако е израелската пејачка Офра Хаза, ретко надарена жена од семејство на Евреи од Јемен, која најпрво се прослави во Израел, но набрзо целиот свет го слушна нејзиното име.
Родена е во сиромашно имигрантско семејство во 1957 година како деветто и најмало дете. Од канџите на сиромаштијата ја оттргнал само нејзиниот огромен талент и глас со кои ги шармираше сите што ја сретнаа.
Кога имала дванаесет години, нејзиниот талент го открил агент на детскиот театар „Безалел Алони“. Нејзината кариера незапирливо се проби до врвот на светската музика, додека тамошните медиуми ја обожаваа, припишувајќи и го епитетот „Мадона од истокот“.
Хаза имаше многу успеси низ годините, од феноменални синглови до најпродавани албуми и бројни настапи и фестивали до работа на филмска музика. Круната на нејзината посветеност на музиката дојде во 1983 година, кога и се отворија сите врати на светската сцена, по второто место на Евровизија.
Најголема меѓународна популарност постигна со песната „Im Nin’Alu“, а потоа ја маѓепса јавноста со прекрасниот, потресен број „Save Us“ од анимираниот филм „The Prince of Egypt“, кој го отпеа на вкупно 17 јазици.
И покрај славата и богатството, Офра остана приземјена, посветена на своето семејство, многу морална и религиозна, што доведе до тоа да ја гледаат како еден вид божество и легенда во нејзиниот роден Израел. Живееше мирно, без ниту една маана во нејзината кариера, без компромитирачки фотографии со мажи, без траги од скандалот. Напротив, Хаза била позната како жена во постојана потрага по голема љубов, решена да остане девица до првата брачна ноќ.
Многубројните додворувачи не и биле интересни, а таа цврсто верувала дека Бог ќе ѝ го покаже човекот на нејзиниот живот. „Принцот на бел коњ“, барем како што таа веруваше, за убавата Еврејка пристигна дури на 39 години во ликот на бизнисменот Дорон Ашкенази.
Интересно е што Офра во текот на животот останала непризнаена во круговите на нејзината блиска баба, која постојано ги оспорувала нејзините заслуги и вредност, нагласувајќи дека жената без семејство е никој и ништо. Фигуративно, тоа најдобро го опишува репликата на нејзиниот брат: “Која е по ѓаволите Офра? Само невенчана жена без семејство!“
Љубовта ја чинеше живот
За жал, иако не се знае многу за нејзиниот краток брак, сигурно е дека сопругот ја заразил со СИДА, што индиректно влијаело на нејзината прерана смрт. Имено, Офра трагично почина во 2000 година како последица на пневмонија предизвикана од вирусот ХИВ.
Фото: Профимедиа
Нејзините последни денови беа обележани со голема болка. Поради љубовта со погрешен маж, нејзиниот ангелски глас умрел прерано.
Само една година подоцна, од предозирање умира и нејзиниот сопруг. Деталите и вистинската вистина за смртта на парот останаа мистерија до ден-денес.
Шест месеци пред нејзината смрт, во есента 1999 година, Офра Хаза ги снимила своите последни материјали, кои до ден денес не ја виделе светлината на денот.
Foto: Printscreen/youtube