Ја отворил кутијата и нашол 95.000 долари СОКРИЕНИ ОД СОПРУГАТА: Причината го запрепастила
Постар брачен пар кои биле во брак 50 години, немале тајни едни од други. Но старицата го замолила сопругот уште во младоста да не отвора една од кутиите за чевли што стоеле во плакарот.
Мажот ја послушал и никогаш не погледнал во мистериозната кутија. Кога на старицата ѝ се слошило, таа му рекла на сопругот да ја донесе кутијата за да му покаже што има во неа. Мажот бил збунет, не очекувајќи што ќе најде внатре.
Во кутијата имало 95.000 долари и две плетени кукли. Старецот отишол кај сопругата барајќи објаснување. Старицата му кажала дека кога била млада, пред да се омажи, баба ѝ кажала никогаш да не се кара со сопругот. А кога ќе се налути, да плете кукли, така ќе се смири.
Старецот бил изненаден, прашувајќи се дали е можно таа да му се налутила само два пати во сите овие години. Ја прегрнал цврсто и прашал од каде се парите во кутијата. Старицата со блага насмевка одговорила дека тоа се пари од продадени кукли.
извор:beograd.in