Ја силувале и дрогирале 48 часа: Тажна исповед на познатата акатерка
Актерката Даниела Вестбрук не престанува да ја шокира јавноста, како со својот изглед по бројните операции и консумирање недозволени супстанци, така и со признанија од приватниот живот. Таа во својата книга зборувала за тоа како наводно конзумирала кокаин додека го родила синот, но и дека во деведесеттите одредени мажи ја силувале цели 48 часа бидејќи должела пари.
„Им должев пет илјади фунти. Влегоа во мојата куќа и ми побараа пари што ги немав. Потоа ме киднапираа, ме одведоа во стан во близина на мојата куќа и ме силуваа 48 часа и ме дрогирала да не бегам од нив“, напишала во своите мемоари, додавајќи дека наводно потрошила околу 250.000 евра на недозволени супстанци, пренесуваат странските медиуми.
„Користев дрога и додека бев бремена. Се породив на подот од тоалетот, а кога почна породувањето шмркав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне”, изјавила актерката во претходно интервју.
Инаку, таа неодамна призна дека носот и бил уништен од конзумирање кокаин, а целото лице добило прилично чудна форма. Работата да биде уште полоша, сето тоа е придружено со бројни естетски корекции, но тоа не ја спречува Даниела секојдневно да се фотографира и да објавува фотографии на социјалните мрежи.
Нејзиниот љубовен живот е исто така интригантен, бидејќи 49-годишната девојка имала низа неуспешни врски во текот на годините и сега ќе се омажи за нејзиниот вереник во затвор по шест години врска.