Ја спаси честа и наплати 100.000 евра: Како денес изгледа првата победничка на српското реално шоу „Големиот брат“?
Црногорската модна дизајнерка по триумфот се врати во родниот Никшиќ, иако имаше неколку „екскурзии“ во медиумите.
Поранешната учесничка на „Големиот брат“, Мирјана Мими Ѓуровиќ од Црна Гора, своевремено привлече големо внимание со учеството во ова реално шоу во 2008 година. Многумина ја споредија со барбика, што не е чудно со оглед на тоа што важеше за една од најатрактивните учеснички. Таа е и првата жена што победила во српско реално шоу, добивајќи награда од 100.000 евра.
Причината поради која Мими сè уште се споменува е фактот што за време на нејзиното учество не сакала да има врска со ниту еден маж, ниту ја интересирале врски, па често можело да се прочитаат коментари дека „ја зачувала честа и платила за тоа дебело, колку што треба“.
Инаку, таа во реалното шоу влезе како моден дизајнер, а по победата се врати во Никшиќ и тврдеше дека животот целосно и се променил. Се обиде да се испроба и како пејачка и како водителка, а извесен период водеше и емисија на „ДМ сат“, а потоа на „Пинк“, но не го најде својот пат.
Сепак, таа подоцна се врати како водителка на Сити на телевизијата Пинк М, но не ја постигна истата слава што ја имаше во реалното шоу.
Денес, Мими е сопственичка на салон за убавина и тоа е нејзиниот главен извор на приходи. Таа стана мајка и има два сина, но малку се знае за нејзиниот приватен живот и ја нема во јавноста, дури ни на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Mondo.rs