Ако порано се советуваше во кафето да се додаде путер или кокосово масло, сега некои нутриционисти предлагаат да се додава сирово јајце затоа што тоа е полно со протеини.
Јајцето е здраво, а кафето во умерени количини не е штетно. Оваа пракса веќе се користи во Виетнам, Бугарија и Скандинавија. Кафето по варење има температура околу 93 степени, што е доволно за јацето да се свари (70 степени) откако ќе го скршите во кафето.
Звучи непривлечно да јадете сварено јајце во кафе, но ако тоа ви е одвратно тогаш нутриционистите предлагаат коефин да се внесува пред вежбање, а по вежбањето да се земе здрав оброк во кој има и јајце и јаглени хидрати.