Јапонски милионер од Вселената порача: Парите се непријател на луѓето и затоа треба да исчезнат!
„Сакам да снимам филм за свет без пари. Кога зборувам за пари,
понекогаш сум неразбирлив, па мислам дека тој филм е добра алатка за луѓето да
ме разберат“, рече Маезава
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава во интервју за Тас на Меѓународната вселенска станица (ISS) изјави дека планира да сними филм за светот без пари додека го реализира своето патување до Месечината.
„Сакам да снимам филм за свет без пари. Кога зборувам за пари, понекогаш сум неразбирлив, па мислам дека тој филм е добра алатка за луѓето да ме разберат“, рече Маезава.
Тој најави дека планира да лета на Месечината во 2023 година и рече дека најверојатно по тоа патување ќе работи на филмот, а премиерата може да се очекува во 2025 или 2026 година.
Во интервју со рускиот космонаут Александар Мисуркин, Маезава објасни дека филмот ќе послужи да ја пренесе идејата да се ослободиме од парите.
„Мислам, како и многумина, дека светот треба да биде подобро место. Парите се непријател на народот и затоа треба да исчезнат. Со нив би исчезнале сите војни и криминал предизвикани од пари“, вели милијардерот.
Рускиот модул „Алијанса МС-20“ слета во Казахстан на 20 декември, откако Маезава со неговиот соработник Јозо Хиран и астронаутот Александар Мисуркин го посетија МСС на 8 декември.
Космонаутот Александар Мисуркин е првиот дописник на Таса во вселената и работи на текстови за животот и работата на Меѓународната вселенска станица.
Фото и Видео: Јутуб