Језиво откритие: Црква изградена од коски
Археолозите на Гент дошле до морничаво откритие кога ископале sидови направени од човечки коски под катедралата Св. Бава, известува „Саианс Рипортс“.
Археолошкиот тим откри дека девет sида се направени од коски од возрасни луѓе.
Како што објасни водачот на проектот, Јаниек Де Грис, sидовите најверојатно биле изградени од луѓе кои „ги исчистиле старите гробишта за да имаат места за погребување на нови трупови или за обнова на црквата“.
„При чистење на црквата, скелетите не можат да се фрлат. Бидејќи верниците веруваат во воскресение на телото, коските се сметаат за најважниот дел“, напиша археологот Де Грис.
Иако коските датираат од 15 век, според истражувањето, ѕидот се чини дека е направен во 17-ти или почетокот на 19 век, забележа археологот. Тој додаде дека во Белгија другпат немат наидено на такви структури како „sидови намерно направени од човечки коски“.
Тимот открил дека ѕидовите содржат само коски од долните екстремитети, а Де Грис додаде дека истражувачите сега утврдуваат дали тоа е направено од „практични причини“ или дали во него има „религиозни или духовни димензии“.
Коските биле пренесени на Универзитетот во Гент, каде што детално ќе бидат испитани, додава археологот.