Каде се наоѓа најоддалечената православна црква - Можеби ќе се изненадите
Свештениците кои волонтираат овде веќе неколку години престојуваат во ова изолирано место
Црквата Света Троица е мала руска православна црква која се наоѓа на Антарктикот, а поради својата оддалеченост и необична местоположба го привлекува вниманието на сите верници и оние кои не се.
Најјужната православна црква во светот се наоѓа на островот Крал Џорџ. Идејата за изградба на првата црква или манастир на Антарктикот се појавила во 1990 година, а проектот заживеал подоцна кога бил одобрен од тогашниот руски патријарх Алексиј II.
После тоа започнало собирањето донации низ цела Русија. Црквата е изградена од сибирски бор во традиционален руски стил и е висока околу 15 метри. Зградата е поставена на рид над истражувачката станица во Белингсхаузен и може да прими околу 30 верници.
На фотографиите кои доаѓаат од самиот крај на светот, рускиот свештеник Софрони Кирилов (38) е прикажан како се моли и бие на камбаните за да го означи почетокот на нова молитва или литургија.
Црквата е осветена на 15 февруари 2004 година од страна на епископот и игуменот кои специјално за оваа прилика го посетија Антарктикот во придружба на други свештеници и аџии.
Интересно е што свештенството е и персонал на истражувачката станица. Нивната главна задача е да се молат за душите на 64 руски истражувачи кои загинале на Антарктикот за време на експедиции.
Фото: Youtube - screenhsoot