Каде учел медицина овој доктор?! Советувал пациент заразен со ковид да не се капе 7 дена, а потоа му дал „мртва вода“
На интернет неодамна се појавија фотографии од рецепт на лекар кој давал шише „мртва вода“ - пациентите во шок!
Министерството за здравство на Хакасија во Русија соопшти дека ќе има информативен разговор со лекар кој ги лекувал неговите пациенти со коронавирус со „мртва вода“.
На интернет неодамна се појавија фотографии од рецептот на овој лекар и шише „мртва вода“, а пациентите тврдат дека ова не е единствениот бизарен совет што им го дал овој лекар кога се разболеле од ковид.
Еден човек тврди дека истиот лекар му рекол да ја спушти температурата со магнетотерапија, односно да стави капаците од тегла на магнет, па да ги загрее на пламен и да ги држи блиску до носот и грлото.
Други велат дека им препорачал да вдишуваат мртва вода, а од неговата канцеларија излегле во шок.
Од Министерството велат дека секако ќе имаат разговор со лекарот, а на пациенти им препорачале да се обратат до директорот на поликлиниката во која работи докторот.
извор:alo.rs