Како астронаутите спијат во вселената? Најдоброто нешто што можете да го почувствувате

Дали некогаш сте се запрашале...?

Сите знаеме дека астронаутите кои се наоѓаат во вселенските станици далеку над нашата планета се во бестежинска состојба. Горе, тие немаат тежина и не паѓаат во силното гравитационо поле на Земјата што ги влече надолу. Тие немаат чувство за тоа што е горе, а што долу и имаат можност да лебдат.

Поради слабата гравитација, астронаутите, како и сите нешта во вселенските станици, пловат низ вселената во сите правци. Иако ова чувство на лебдење првично носи неверојатна радост и чувство на слобода, работите како миење на косата и забите, па дури и спиење, можат да бидат вистински кошмар за астронаутите.

Затоа еден од најпознатите астронаути, Крис Хадфилд, демонстрираше како тој и неговите колеги спијат во бестежинска состојба. Крис создаде Youtube канал посветен на ваквите видеа, каде што покажува како астронаутите прават секојдневни и обични работи.

Бидејќи надвор од гравитацијата на Земјата, астронаутите немаат чувство за тоа што е горе, а што долу, тие спијат врзани за sидовите. Крис вели дека чувството е неверојатно и дека не ви треба ни перница во вселената, бидејќи лебдите. Вашиот врат е целосно опуштен, како и сите мускули во вашето тело. Сè што треба да направите е да се врзете за да не лебдите. Тој рече дека на почетокот треба малку да се навикнеш, но по неколку дена, сфаќаш дека спиењето во вселената е најдоброто нешто што можеш да го почувствуваш.

Погледнете го видео: