Како би изгледале историските личности доколку живеат во 21 век? Аце наш најубав
Зад сево ова се крие графичката дизајнерка Бека Саладин.
Бека Саладин е графичка дизајнерка која стои зад Инстаграм профилот на кој се работи на забавни илустрации и открива како би изгледале познатите историски личности, доколку би живееле во денешницата. На оваа идеја дошла поради тоа што историските личности на фотографиите секогаш и изгледа „болно и здодевно“, јавува Buzzfeed.
Погледнете некои од нејзините изработки и дознајте како историските личности (можеби) би изгледале доколку живеат во 21 век.
# Вака би изгледал Абрахам Линколн
Вака би изгледала Мона Лиза
Вака би изгледала египетската кралица Нефертити
Саладин тврди дека секогаш ги истражува луѓето кои ги обработува. Па така открила дека Александар Велики имал очи во различни бои и по тоа се водела при своето дизајнирање.
А, вака пак би изгледала Клеопатра
„Историјата не е само приказна, туку и вистински луѓе со емоции, се надевам дека со својата работа, на другите ќе им ја приближам таа идеја“ - заклучи Бека.