Како да изберам осигурување со кое најдобро ќе ги заштитам семејството и имотот?

Животот е исполнет со бројни предизвици и ризици. Дел од нив не можат да се предвидат, но можат да се намалат економските штети од несаканите настани. Даниел Паришко, раководител на секторот за прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битолаобјаснува од кои критериуми осигурениците треба да се водат за да направат најсоодветен избор на осигурување.

-Како осигуреникот да избере осигурување коенајсоодветно одговара на неговите потреби?

Паришко: При изборот на осигурување најдобро е да се консултирате со лиценциран брокер, кој согласно Вашите потреби ќе Ви понуди најдобра опција и ќе Ви изработи полиса која ќе ги задоволи Вашите барања. При изборот на осигурување важно е дефинирање на ризиците кои ќе бидат покриени во полисата за осигурување, како и изборот на најдобра осигурителна компанија со финансиска стабилност и исплата на штети.

-Дали може со еден пакет да се обезбеди осигурување и на семејството и на имотот?

Паришко: Домот е место каде што сите ние треба да се чуствуваме спокојни. За таа  цел во 2019 година го креиравме најсеопфатниот пакет за осигурување на имотот и членовите на семејството СН ДОМ. Пакетотпокрива 18 ризици, што е рекорден број за еден пакет за домаќинско осигурување, започнувајќи од пожар, удар од гром, експлозија, град, луња, поплава од внатрешни инсталации, паѓање на воздушни летала, удар од сопствено моторно возило во градежен објект, провална кражба и разбојништво, кршење на стакла во домот, осигурување од незгода на сите членови во семејството, приватна одговорност итн…

Исто така, го препорачувам приватното здравствено осигурување, со кое се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за нашето здравје. Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се високи. Со приватно здравствено осигурување побезгрижно можеме да се лекуваме во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствени услуги.Тоа е овозможено со пакетот SN Eurohealth, достапен во СН Осигурителен брокер за само 515 денари месечно.

-На пазарот работат повеќе осигурителни компании и секоја од нив нуди повеќе пакети за осигурување. Како да се избере кој е најсоодветен и најповолен?

Паришко: Предноста на осигурителните брокерите е што се секогаш се информирани со сите новости и понуди на осигурителниот пазар и тоа им овозможува да направат споредба на сите осигурителни пакети. На тој начин можат да го изберат најсоодветен пакет согласно потребите и барањата на клиентот. Во СН Осигурителен Брокер ги имате сите осигурителни пакети на едно место.

-Која е предноста доколку осигурувањето се прави преку СН Осигурителен Брокер?

Паришко:  Во СН Осигурителен Брокер работат високо квалификувани експерти со повеќе од 15 години искуство на осигурителниот пазар и кои секогаш ги задоволуваат потребите и очекувањата на нашите клиенти. Во реализација на тие вредности насочени сме кон обезбедување на повисоко ниво на квалитетни услуги, нудејќи ги сите видови на осигурување. Друштвото имплементира најсофистициран сервис во осигурувањето, ефикасност, стручност, инвентивност и транспарентност во работењето и високи стандарди на професионализам со што обезбедува континуирано подобрување на квалитетот, и сето ова го постигнува со користење на стручноста и креативноста на членовите на тимот и нивната посветеност и желба за задоволување на потребите на клиентот.

-Кои видови осигурување ги нуди СН Осигурителен Брокер?

Паришко: Преку нашето брокерско друштво можеме да ги издадеме сите видови на полиси и пакети кои постојат на осигурителниот пазар во делот на неживотно и животно осигурување како што се: осигурување од автоодговорност, зелен картон, каско, имотно осигурување, приватно здравствено осигурување, колективно осигурување, животно осигурување, транспортно осигурување, ЦМР, професионална и општа одговорност, асистенција и на пат, патничко осигурување итн...

-Каде најлесно и наједноставно може да се обезбеди осигурување преку СН Осигурителен брокер?

Паришко: Имаме мрежа од 40 подружници и повеќе од 140 вработени низ цела Македонија. Најлесно ќе најдете која подружница е најблиску до вас преку нaшата веб страница https://snbroker.mk/lokacii/.

Контакт преку телефон 15770  или емаил: info@snbroker.mk

Важно ни е нашите осигуреници практично да ја почуствуваат реалноста на нашето мото:

СН осигурителен брокер СЕКОГАШ НА ВАША СТРАНА!

www.snbroker.mk

ПР објава