Има ли нешто подосадно од исчекувањетода се олади вино или пиво? Можеби и има, но за среќа има трик што можеме да го забрзаме за да ја решиме оваа драма.
За да оладите лименка (или шише) пиво, вино или сок за исклучително кратко време, сè што ви треба е тенџере со вода, мраз и сол.
Истурете ладна вода во тенџерето и вметнете мраз. Додадете неколку лажици сол за да го забрзате ладењето, добро измешајте и ставете лименка или друг предмет по желба внатре. За помалку од пет минути ќе имате ладен пијалок.