Како една Швајцарија- „земја од соништата“ им го уништила сонот на илјадници невини деца
За жал, практиката на користење на децата како бесплатна работна сила има долга традиција низ цела Европа. Децата се земаат од сиромашни семејства, домови со самохрани родители или директно од сиропиталишта и, под покровителство на законот, се сместени во нови домови, обично на село.
Меѓутоа, наместо ново семејство и топол дом, таму биле мачени - дневна и ноќна работа, глад, физичко и психичко малтретирање и случаи на силување не биле невообичаени. Овие деца, дури и да пораснале, останале необразовани, длабоко трауматизирани и честопати целосно неспособни за самостоен живот.
Но, иако оваа практика беше вообичаен случај низ Европа, одвојувањето на децата од родителите и принудната работа никаде не траеше толку долго како во Швајцарија!
Хорор зад фасадата на „рајската држава“
Оваа морничава традиција всушност се појавила како замена за крепосништвото во текот на 19 век. Откако селаните станаа слободни, огромните имоти, особено на Алпите, останаа без работна сила. Наместо да ангажираат работници за плаќање, богатите земјопоседници ширум Германија, Австрија и Швајцарија бараа „помош“ меѓу најслабите.
Сираци, деца од сиромашни семејства, вонбрачни... сите станаа жртви на „системот за грижа“ поддржан од државата. Децата најчесто ги преземале сопствениците на селски имоти, иако имало случаи кога завршувале во фабрики и рудници.
Оваа практика остави најстрашни последици во Швајцарија, каде последните случаи на ова „ропство“ се забележани во 80-тите години на 20 век! Овие деца таму се познати како „вердингкиндер“ - работеле без плата, биле слабо нахранети и редовно тепани, па голем број од нив не би дочекале ни полнолетство
Извинувањето доаѓа (пре)доцна?!
Точниот број на деца кои поминале низ овој пекол среде модерна Европа речиси два века никогаш нема да бидат познати. Историчарот од Берн, Марк Леенбергер, тврди дека, во пресрет на Првата светска војна, дури 10 отсто од сите деца во тој швајцарски кантон биле во овој систем. Некои швајцарски извори тврдат дека на почетокот на 20 век, околу 50.000 (четири проценти од целокупното детско население во таа земја) биле принудени на ропство.
Швајцарија всушност молчеше за овој ужасен дел од својата историја сè до 2005 година, кога Министерството за правда на земјата отвори извештаи за грижата за децата во текот на 19 и 20 век. Иако делумни, резултатите добиени од истражувачкиот тим беа доволно ужасни.
Во 2013 година за прв пат швајцарската влада јавно им се извини на жртвите на оваа нехумана социјална политика, која ги уништи животите на многу деца во таа земја, а беше отворен фонд од кој ќе се исплати отштета за сè уште живите жртви на детско ропство.
Извор: istorijski zabavnik
Фото: Printscreen youtube