Како една земја со 97 милиони, успеа да го задржи бројот на смртните случаи на коронавирус на нула
Глобални Бројки:
Повеќе од 6 милиони случаи на „Ковид-19“ се пријавени ширум светот, вклучувајќи и најмалку 369.000 смртни случаи, според Универзитетот Џонс Хопкинс.
Случаите во Јужна Америка растат: Бразил го забележа својот највисок дневен пораст досега, додека Перу објави повеќе од 7.300 нови случаи. Смртните случаи на коронавирус во Бразил од 28.834 се четврти највисоки од која било земја, зафаќајќи ги САД, Велика Британија и Италија.
Масовни собири: Светската здравствена организација издава нови насоки за големите собири на луѓе во текот на пандемијата на коронавирус, вклучително и одржување на истите на отворено каде е можно и ограничување на посетеноста на оние кои се здрави.
И додека сето ова е застрашувашки, има една среќна приказна.
Кога светот погледна во Азија за успешни примери во справувањето со појавата на коронавирус, повеќето очи беа вперени на Јужна Кореја, Тајван и Хонг Конг.
Но, има една занемарена успешна земја - Виетнам.
Земјата со 97 милиони луѓе е уште нема пријавено починат од коронавирус, а во саботата имаше само 328 потврдени случаи , и покрај долгата граница со Кина и милиони кинески посетители што ги прима секоја година.
Ова е уште поизразено со оглед на тоа што Виетнам е земја со средни приходи со многу помалку напреден систем на здравствена заштита од другите во регионот. Има само осум доктори за секои 10 000 луѓе...
По тринеделниот карантин на национално ниво, Виетнам ги укина правилата за социјално дистанцирање кон крајот на април. Не пријавила локални инфекции повеќе од 40 дена . Бизнисите и училиштата повторно се отворија, а животот постепено се враќа во нормала.
За скептиците, официјалните броеви на Виетнам можеби се чинат премногу добри за да бидат вистинити. Но, Гај Таваитс, врвен лекар за заразни болести, кој работи во една од главните болници назначени од виетнамската влада за лекување на пациенти „Ковид-19“, рече дека бројките одговараат на реалноста на теренот.
„Јас одам на одделенија секој ден, ги знам случаите, знам дека нема смрт“, рече Тавитс, кој исто така е раководител на одделот за клинички истражувања на универзитетот Оксфорд во градот Хо Ши Мин.
Како им успеа?
Со неверојана војничка дисциплина. Со многу строги мерки, носење маски и ракавици дури и таму каде што не е неопходно, дистанцирање не на 2 туку на 4 метри, деинфекција на објекти и скоро секој предмет, автомобил, автобус, трамвај, училишта, устнови, ригорозни правила кои ако се прекршат, следуваат огромни казни, постојано информирање на населението дури и во најзафрлените региони, почитување на сите востановени нешта во време на карантин и вонредна состојба, висок степен на разбирање од народот...