Како изгледа грандиозниот стадион во Катар каде ќе се одржи светскиот куп во фудбал

Новиот стадион има капацитет од 40.000 места и климатизирани простории ...

Стадионот Ахмад Бин Али во Ал Рајан, сега официјално е отворен како четврти стадион  по Калифа Интернешнл, Ал Јануб и Едукати Сити.

Зачудувачката структура сега е подготвена да биде домаќин на финалето на Светскиот куп на ФИФА во 2022 година. Големиот стадион се наоѓа во градот Ал Раџан и стои на местото на стариот стадион што порано беше таму. 

Всушност, зградата е изградена со употреба на повеќе од 90% од демолираниот материјал на стариот стадион.

Стадионот Ахмад Бин Али собира 40.000 луѓе и е подготвен да биде домаќин на седум натпревари до осминафиналето. 

Исто така беше речено дека во внатрешниот отворен стадион се инсталирани климатизирани уреди, кои ќе го оладат воздухот и ќе го направат престојот попријатен и за фудбалерите и за гледачите.