Како изгледа смртта: Одговорот го знаат овие луѓе!
Веќе со илјадници години, човештвото е фасцинирано од смртта и умирањето, па затоа прифаќа различни теории и применување на различни ритуали, за да внесе смисла во целиот тој процес.
Смртта е една од последните мистерии која се уште е непозната за нас, без разлика на огромниот напредок на науката. А најпопуларните теории за тоа што ни се случува веднаш после смртта се оние дека ни се појавува бела светлина и дека целиот живот ни поминува пред очите.
Единствениот увид во тој процес, може да ни го прикажат само луѓе кои навистина биле во клиничка смрт, а потоа повторно оживеале. Некои од нив, на форумот „Reddit“ одговараа на прашањето: Какво е чувството за време на смртта?
Ова се нивните одговори:
1.Како прелистување на книга
Пред пет години корисник на „monitormonkey" имал голем хируршки зафат и обилно крварење, поради кое неколку минути бил мртов.
„Се разбудив на место што ние би го нарекле „космос“, но немаше никакви ѕвезди, ниту светла. Не чекорев, ниту седев, едноставно само бев таму. Не чувствував ниту топлина, ниту студенило, не бев гладен, ниту уморен – само неколку минути бев неутрален. Знаев дека во близина има светлост и љубов, но не чувствував потреба да отидам таму.
Се сеќавам дека размислував за својот живот, но овдека не се работеше за монтажа. Повеќе ми наликуваше на прелистување на книга, а понекогаш ми се појавуваше и по некоја слика.“
2.Посета на драга личност
„Schneidah7" беше излетал од моторот, додека возел со брзина од 80 км/ч, па додека да го одведат во болница, тој веќе бил клинички мртов. Додека лежел на патот, пред да стигне брзата помош, тој се сеќава дека некој кого го познавал го охрабрувал.
„Се сеќавам како лежам на плочникот, а работите околу мене полека ми стануваат црни и тивки. Единствената причина поради која не заспав во тој момент беше бизарниот момент кога слушнав некој како ми вика: Не попушќај, ајде издржи! Држи се!
Потоа некој почна да удира по кацигата, која ми беше доста набиена во главата. Кога ги отворив очите, го видов својот брат како седи на земјата покрај мене. Тоа ми беше баш чудно, бидејќи брат ми почина од предозираност пред неколку години.
Единственото нешто на кое се сеќавам е како тој гледаше на неговиот саат и само ми кажа: Наскоро ќе биде овде! А потоа и тој замина.
Сакам да можам да споделам уште детали, но искрено, не се сеќавам на се. Уште имам проблеми со помнењето поради несреќата.“
3. Градина
Многу луѓе кои ја почувствувале смртта на кратко ја опишуваат како празнина, но еден од нив имал доста различно искуство, отккао срцето му застанало за време на алергиска реакција.
„Се сеќавам дека нешто ме влечеше наназад, многу пополека, како да ме влече низ вода, а потоа се појавува темнина и се исчезнува.
Во еден момент светлината се врати и пред мене имаше градина. Не беше полна со цвеќиња, туку само со прашина и поретка трева. Во неа имаше игралиште со вртелешка на средината и две деца како се вртат околу неа. Момче и девојче.
Тешко е да се опише, но имав чувство како да можам да бирам дали да останам или да си отидам, но секогаш кога се обидував да се вратам, бев заглавен во место.
Се размислував за сите причини поради кои сакав да се вратам. Во моментот кога си реков дека не сакам да ја напуштам својата мајка, се ослободив од местото.
Нагло се разбудив во сопственото тело. Срцето не ми работело цели шест минути.“
4.Виц
Средбата за смртта воопшто не ги спречува луѓето и да се пошегуваат на своја сметка.
„Доживеав срцев удар минатата година и срцето ми застана три пати во операционата сала.
Требаше само да ме допрат со електрошоковите и јас веднаш се будев. Така и се чувствував. И секој пат кажував некој нов виц. Никаква светлост, буквално ништо – исто како да спијам.“
5.Црнило
Откако, после сообраќајната несреќа му престанало дишењето и работата на срцето, овој човек целосно се изгубил. После две минути, неговиот пријател успеал да го врати во живот.
“Се ми се стемни пред очите. Никакви соништа, никакви визии, апсолутно ништо. Откако се разбудив, повеќе од 10 пати сум прашал што се случило.“