Како изгледа животот кога ве одгледува татко со Даунов синдром? Лицата со попреченост имаат право на среќа

Кога сте дете, љубовта и поддршката која ја добивате од родителите стануваат едни од најважните работи во вашиот живот.

Но можете ли да замислите како би изгледало кога било кој од вашите родители има Даунов синдром?

Садер Иса, 21 - годишно момче од Сирија, ја сподели својата приказна и зборува како се чувствувал додека растел во тие услови и дека не би менувал ништо во врска со татко му, па поради него станал она што е денес.

Иако тоа на некои би можело да им претставува предизвик и нешто со што е многу тешко да се соочат, татко му на Садер се обидел да го израсне својот син на најдобар начин. Иако може да се претпостави дека односот помеѓу него и неговите родители е поинаков од останатите, Садер вели дека тоа не е така.

Односот кој го граделе со текот на годините бил вообичаен како и било кој друг. Можеле да уживаат во љубовта, едноставноста, послушноста и успеале да ги надминат сите невољи кога не се сложувале. Освен што пробале да им покажат на другите дека се е можно и дека може да ја променат перцепцијата за работите, секако доколку ги тргнат некои моменти на страна и ги гледаат како семејство во кое љубовта е најважна.

Јад Иса, татко му на Садер, работи во млинот во близина на својата куќа. Неговиот син често му помага и го следи до работното место. Води нормален живот и луѓето го почитуваат и кон него се однесуваат како кон секој друг, бидејќи знаат дека им пружа вистинска љубов без да очекува ништо за возврат.

Најубаво е кога татко му го запознава со други луѓе и им покажува дека и покрај својата ситуација, ја постигнал целта: да израсне добар човек, кој настојува да го добие она што го сака. Моментално Садер е трета година на студиите по стоматологија, па кога ќе запознае нови луѓе, овој прекрасен татко со гордост им кажува „мојот син е доктор“.

„Неговите очи се полни со радост и задоволство, како во нив да го има изразот со кој пробува да каже: „Да, имам Даунов синдром, но израснав добар човек и направив се што е во моја моќ за да биде докор и да им помага на другите“ - вели Садер, кој не крие колку е горд на својот татко.

Можеби кога жената е бремена и кога ќе открие дека нејзиното дете има Даунов синдром, може да помисли дека нејзиниот живот е уништен и дека тоа може да го сфати како најлошо нешто што може да и се случи. Како и во секоја животна ситуација, можностите се појавуваат и во овој случај има само две: да почека и да преземе одговорност или да се откаже од идејата да има дете со овој проблем.

„Доколку мојата баба не го родила мојот татко, не би можел да бидам овде и да ви ја раскажам оваа неверојатна приказна“ - кажа Садер кој пробува да сними филм за своето сеемејство.