Како мажите од најубавото племе во светот ги заведуваат жените? Со превртуваење на очи...

Најбројното номадско племе на светот се издвојува од другите со својата ароганција и трикови, кои ги користат за да заведуваат жени. А тоа, изгледа, се исплати, бидејќи од чеизот често собираат и по половина милион долари.

Членовите на бројното племе Гулани од Чад, односно подгрупата Водаби, не знаат за скромност. Тие за себе велат дека се најубавиот народ на светот, а таа нивна убавина секоја година се гледа на вестивалот Геревол, пишува BBC.com.

Во периодот пред короната, туристи од целиот свет одеа да го видат вистинското чудо - машкото натпреварување во убавина. Младите луѓе тогаш облекуваат облека во светли бои и бираат специјален накит, а посебен детаљ е преубавото перо што го носат на главата.

За време на фестивалот младите мажи играат за да ги импресионираат девојките. Стандарди за убавина им се висината, белите заби и очите, па таквите мажи секогаш имаат најголеми шанси да го привлечат вниманието на девојките. Затоа за време на танцот тие често ги покажуваат забите и превртуваат со очите.

Силата и издржливоста исто така се важни фактори, па мажите играат со часови за да ги привлечат убавиците. И токму поради тој фестивал во племето Фулани за себе велат дека се најубав народ во светот.

Водаби веруваат во реинкарнација и неверојатно многу ја ценат убавината. Пред да настане фестивалот Геревол, мажите со часови се подготвувале за прослави за да изгледале совршено. Поради тоа Водаби помеѓу останатото се сметаат и за највообразени луѓе на светот.

Фулани никогаш не ги прифатиле вообичаените модели на облекување, па така Водаби кои живеат во Нигерија и Камерун носат многу впечатливи, шарени и долги парчиња облека со интересен вез и богато украсени наметки.

Чеиз за пример

Во племето Фулани постојат бракови кои се склучуваат пред да се родат младенците. Родителите си ги ветуваат бебињата едни на други, а се венчаат кога ќе влезат во пубертет.

Животните за овој народ се неверојатно важни, пред сѐ бидејќи се занимаваат со сточарство. Исто така, за време на церемониите за венчавање, таткото на невестата му предава едно од своите стада на младоженецот во знак дека го прифаќа бракот.

Потоа следува церемонијата кабал, на која ниту невестата, ниту младожецот присуствуваат.

На мажите им е дозволено да имаат четири жени. Семејството обично се состои од маж, неговите сопруги и нивните деца и сите обично се сложуваат добро. Таквите бракови носат и богатство - мажот го комбинира своето стадо животни со стадоото што го добил на подарок од татковците на невестите, па така може да добие богатство и до половина милион долари.

Фулани веруваат дека секој брак треба да донесе многу деца, но во подплемето Водаба, на родителите не им е дозволено да зборуваат директно со своите први две деца, за нив обично се грижат бабите и дедовците.

Интересно е и тоа што преку ден мажот и жената не се држат за раце и не смеат да зборуваат за лични работи. За децата се грижат посебно, многу се внимателни и ги чуваат од проблеми и грижи колку што можат.

фото: Mediadrumimages / Trevor Cole / Media Drum World / Profimedia

Извор: nova.rs