Како медицински сестри се спремаат да влезат кај заразените со коронавирус

Екипата на ББЦ објави видео од одделението за интензивна нега во Сеул, во Јужна Кореја, каде што се сместени пациентите болни од коронавирусот. Снимката што е објавена денеска покажува како медицинските сести се подготвуваат за влезат меѓу пациентите со Ковид-19

Од главата до петиците имаат со заштитна опрема, а велат дека најтешко им е да слушнат што им зборуваат пациентите, токму заради заштитната опрема. Комуникацијата е речиси невозможна, а по завршувањето на смената, медицинските сестри се буквало натопени во сопствената пот.

Во болницата постои црвена линија која не смее да се премине. Таа сигнализира дека сте влегле во можно контаминирано подрачје, па веднаш мора темелна дезинфекција. Процесот на дезинфекција трае цели два часа, а медицинските сести и лекарите тоа го прават и по неколку пати во својата смена.

Сите детали погледнете ги во видеото на ББЦ