Како сцени од хорор филмови: Најужасните места во Русија
На територијата на Русија има многу места од кои ќе ве полазат морници.
Атомскиот морски светилник Анива
Изграден е со огромен труд во 1939 година по проект на Јапонецот Миура Синобу. Во почетокот на 90-тите е обновен да работи со атомска енергија, но набргу потоа беше напуштен, бидејќи одржувањето чинело многу скапо. Сега привлекува само авантуристи и крадци на железо.
База за подморници „Павловское"
Огромниот подземен објект требало да ги крие руските атомски подморници од американските разузнавачки авиони. Изградбата почнал во 1977 година. Било предвидено базата да работи целосно автономно при нуклеарна војна. Изградбата била речиси завршена, кога базата е целосно напуштена и досега не е јасна причината за оваа одлука на руските власти.
Воената база „Финвал"
Во 60-тите години на XX век во заливот Финвал на Камчатка, започнува изградбата на мало воено гратче, ракетна и подводна база. Денес овој град е пуст.
Дијамантската шахта „Мир"
До 2009-та година е откриен еден од најголемите дијамантски рудници. Окното е 525 метри длабок и со дијаметар 1,2 километри. Тоа е напуштено, но ископувањето во регионот продолжува. Гратчето Мирниј е на неколку метри од работ на оваа бездна.
Градот Кадикчан
Овој напуштен град се наоѓа далеку на исток меѓу сибирскиот пустош.