Како се создаваат „ледените палачинки“? Необичен и редок феномен забележан на водни површини низ Велика Британија

фото:PROFIMEDIA

Откако минатата недела во Велика Британија температурата на воздухот драстично се намали, на површината на реките и езерата се појавија необични кругови мраз, познати и како „ледени палачинки“.

Шетајќи близу реката Бладнох, менаџерот на проектот за инвазивни видови на Шкотска, Калум Синклер забележал необични плочи од кашест мраз како лебдат на неговата површина. Воодушевен од нивната совршена форма, тој направи неколку снимки и им ги проследи на своите колеги. Наскоро, видео на кое се гледаат дисковите како лебдат на површината на реката стана вирално.


„Повремено сум гледал ледени палачинки порано“, рече Синклер, додавајќи дека тие се особено интересни поради нивната совршена форма. Меѓутоа, бидејќи видеото набрзо почна да се шири на социјалните мрежи, научниците сфатија дека ова не е изолиран случај, бидејќи истиот ден, истиот природен феномен е снимен на реката Келвин во близина на Глазгов, како и на езерото Еск во северозападниот дел на Англија.

Според нив, овие ретки структури се формираат само на површините на многу студените океани, езера и реки. Поточно, на реките, тие се формираат кога замрзнатата пена на површината на водата ќе се заглави во вртлози, по што овие мали делови се спојуваат во т.н. палачинки и растат додека не излезат на површина. Додека се во отворени води, тие се формираат кога површинскиот мраз се распаѓа и поради судир со други парчиња добива облик на круг.

Ледените палачинки се со дијаметар помеѓу 20 и 200 cm и иако изгледаат како тврди дискови, често се прилично кашести што ги прави лесно да се распаѓаат. Тие се главно карактеристични за Големите езера во Северна Америка и океаните кои го опкружуваат Антарктикот, бидејќи температурите таму често паѓаат многу под нулата.

извор:nationalgeographic