Како социјалните мрежи нѐ спречуваат да паднеме во длабока досада и зошто научниците сметаат дека ова е голем проблем?
Проверувањето на социјалните мрежи може да нѐ спречи да западнеме во состојба на длабока досада, што според научниците е голема штета.
Сите ние одвреме-навреме паѓаме во досада, а додека го чекаме автобусот на станица или ред пред шалтер, тоа е само површно. Сепак, овие првични чувства може да се продлабочат со текот на времето и да прераснат во нешто друго, според научниците.
„Длабоката досада може да звучи како исклучително негативен концепт, но всушност може да биде исклучително продуктивна ако на луѓето им се даде шанса да размислуваат непречено и да се развиваат“, објаснува социологот Тимоти Хил од Универзитетот во Бат во Велика Британија.
Длабока досада и креативност
За да го испитаат овој речиси 100-годишен концепт, Хил и неговите колеги ги истражуваа животите на 15 луѓе на кои им беше дадено платено слободно време или работеа од дома за време на пандемијата на коронавирус. Возраста, занимањето и образованието се разликуваа помеѓу учесниците, и на сите им беа дадени претходно дизајнирани интервјуа со цел да се испитаат нивните чувства.
Врз основа на податоците што ги добивале, забележано е дека досадата се јавува често, но дека кај оние кои ја доживеале подлабоко, тоа предизвикува чувство на немир и празнина. Сето ова резултираше со повторени обиди да се пополни таа празнина преку хоби како столарија, готвење или возење велосипед.
Но, главниот проблем во овој процес е проверката на социјалните мрежи, чија содржина може да ја ублажи површната досада и на тој начин да спречи запаѓање во подлабоки чувства, а со тоа и откривање на скриени таленти и страсти. Други студии, исто така, сугерираат дека досадата и лутањето во умот се клучните основи за креативноста, па затоа ни доаѓаат толку многу добри идеи додека сме под туш.
Истражувањето е објавено во Marketing Theory.
извор:nationalgeography