Каков среќник: Копајќи на нива, пронајде 800 златници - се проценува дека вредат милиони
За еден Американец, одгледувањето пченка се исплатило повеќекратно. На нива пронашол повеќе од 800 златници за кои се проценува дека се од ерата на Граѓанската војна и вредни неколку милиони долари.
Повеќе од 800 златници, кои датираат од 1840 до 1863 година, се пронајдени во поле со пченка во Кентаки. Купот монети вреди неколку милиони долари, а се проценува дека можеби биле закопани како резултат на прогласувањето на државата за неутралност за време на американската граѓанска војна.
Куќа специјализирана за продажба на монети, „GovMint“ објави видео од ова несекојдневно откритие. На видеото се слуша како неидентификуван маж вади златници од 1, 10 и 20 долари од земја.
Покрај монетите во споменатите апоени, на истото место се пронајдени и неколку исклучително ретки златни монети од 1863 година.
„Најневеројатното откритие во овој подземен свод е околу осумнаесет златни монети од 20 долари од 1863 година. Ова е монета која често достигнува шест цифри на аукција“, според GovMint.com.
Автентичноста на монетите, кои се во добра и одлична состојба, ја потврди надлежниот орган „Нумизматичко гарантно друштво“. Откако монетите беа заверени, експертите исто така сугерираа дека тие можеби биле закопани како резултат на декларацијата за неутралност на Кентаки за време на Граѓанската војна.
Државата Кентаки, која граничи со северните и јужните држави, имаше неутрална позиција за време на американската граѓанска војна во која многу семејства беа спротивставени.
Џеф Гарет, дилер на ретки монети и американски експерт за монети, бил контактиран за проценка на монетите пронајдени во полето со пченка во Кентаки.
„Иако секогаш сум возбуден кога некој ќе се јави и ќе побара совет за откривање на ретко монети, можноста да работам со златници од Кентаки е еден од најважните моменти во мојата кариера“, рече Гарет.
Според него, важноста на ова откритие не може да се прецени, бидејќи неверојатната бројка од над 700 златни монети претставува временска капсула со монети од ерата на Граѓанската војна.
„Наоѓањето на монета од орел од 1863 година во одлична состојба би било важен нумизматички настан. „Пронаоѓањето на голем број извонредно зачувани примероци е речиси неверојатно“, нагласи Гарет.
Колекционерите сега можат да купуваат монети пронајдени во Кентаки. За некои од нив цената се движи меѓу 995 и 1.295 долари, додека за други информации за цената се достапни на барање.
Највисоката цена за која претходно се продаваше златник со орел од 1863 година беше нешто повеќе од 381.000 долари
Фото: Youtube - screenhsoot