Каква глетка: Нема да верувате што е пронајдено на длабочина од 6.985 метри, има врска со Американците (ВИДЕО)
Потонатиот брод пронајден на најголемата длабочина воопшто досега е уништувач на американската морнарица, која учествуваше во најголемиот поморски судир од Втората светска војна со јапонската флота на Филипините, велат експертите.
Американскиот брод „Самуел Б. Робертс“, познат како „Сами Б“, е пронајден во Пацификот, на длабочина од дури 6.985 метри, но искршен на два дела.
„Сами Б“ е пронајден 426 метри подлабоко од американскиот С Џонстон, руина која досега се сметаше за потонат брод на најголема длабочина, а кој минатата година беше откриен на Филипинското Море од американскиот истражувач Виктор Весково, основач на Каладан Осеаник Експедиции, со седиште во Далас, пренесува АП.
Откако ја потрошил речиси целата муниција, критично бил погоден од торпедо од водечкиот јапонски воен брод „Јамато“ и набргу потоа потонал. Од 224-члениот екипаж, 89 загинаа, а 120 беа спасени.
Интересно е тоа што глетката е неверојатна ако се земе предвид дека бродот се наоѓа на скоро седум километри, а подводниот свет околку самото место е сеуште недоволно истражен.
ВИДЕО: