Какви змиии??? Не се тоа, ни налик
Attacus atlas, пеперутка Атлас, ендемичен вид, коа ја има во шумите во Азија. Видот првпат бил опишан од Карл Линеус во неговото 10-то издание на Systema Naturae од 1758 година.
Пеперутката Атлас е еден од најголемите лепидоптерани, со распон на крилјата до 24 cm и површина на крилата од околу 160 cm2.
По распонот на крилјата е надминат само од белата вештерка (Thysania agrippina) и Attacus caesar, и по површината на крилата од молецот Херкулес (Coscinocera hercules). Како и кај повеќето лепидоптери, женките се значително поголеми и потешки од мажјаците, додека мажјаците имаат пошироки антени.
Телото е несразмерно мало во споредба со крилјата. Горната страна на крилјата е црвено-кафеава со шема на црни, бели, розови и виолетови линии и триаголни фигури, обрабени со црно. Долните страни на крилата се побледи. Двете предни крила имаат истакнато продолжение на врвот, со ознаки кои личат на глава на змија, а со движењата на крилјата пеперутката може да се соочи со потенцијални предатори. Им заличува скоро целосно на змија, па најчесто оние кои сакаат да ја нападнат- се плашат.
Секој лет им одзема вредна енергија и може да ги одземе деновите од нивниот и онака краток живот, бидејќи имаат многу краток животен век од само една до две недели. Тие штедат енергија со што помалку летање. Женката ќе чека да дојде мажјак и да се оплоди, да снесе јајца и да умре.