Какво промашување: Младоженецот дошол во ПОГРЕШНА црква, со сите свои роднини! Скоро се оженил за погрешна невеста! (ВИДЕО)
Фото: Profimedia
Гаф на годината
Младоженецот од Индонезија дошол во погрешна црква и скоро се оженил со туѓа невеста, сето тоа поради навигација преку GPS.
Парот користел апликација за споделување локација за да ги привлече сите гости до местото на одржување на церемонијата, и иако невестата тврди дека ја споделила точната локација, Гугл ги однел гостите на младоженецот во погрешна црква.
Неговите гости не само што беа на погрешно место, туку тие разговараа и со семејството на туѓа невеста, разменуваа подароци и седеа во црковните клупи. Дури тогаш забележаа дека никој досега не ја видел невестата.
Видеото на кое младоженецот ја напушти погрешната венчавка наскоро стана вирално, но и покрај оваа грешка, вистинската невеста сепак му рече судбоносно „ДА“ на младоженецот, пишува Unilad.
Видео: Инстаграм/borobudurnews