Калина и нејзиниот сопруг организираа свадба, но гостите не се појавиле: Наместо главни маси и аплауз, ги пречека празна сала и тишина (ВИДЕО)
Калина Мари и нејзиниот сопруг Шејн очекуваа венчавка од бајките опкружени со семејството и пријателите, но наместо радост, ги дочека вистински кошмар за сите младенци. На нивната прослава се случи незамисливото - наместо гласна толпа и аплауз при влегувањето во приемот, ги пречека речиси празна сала и непријатна тишина.
Калина го сподели своето искуство на Тик ток, прикажувајќи видео од моментот кога таа и Шејн влегоа во празнично украсената сала, а внатре имаше само неколку гости.
Двојката од Орегон влегла во ходникот рака под рака, заедно со нивниот мал син, изгледајќи смирено, обидувајќи се да се помири со ситуацијата. Се надеваа на весела атмосфера и присуство на драги пријатели, но ги пречекаа само петмина.
„Ова е нашиот маскенбал што го подготвивме за свадбата. Забавата за која зборувам со месеци. Поканив над 75 луѓе на овој настан, не само дигитално, и потрошив пари на 25 прекрасни покани. А се појавија само петмина. На поканите пишуваше дека ги очекуваме во 13:00 часот, а мајка ми во 13:15 часот ми се јави да ми каже дека нема никој. Мојот сопруг и јас стигнавме во 14:00 часот, таму имаше само петмина гости, а се надевавме на најмалку 40“, напиша Калина во описот на снимката.
Калина со тага призна дека сонувала да влезе во сала исполнета со воодушевени гости кои аплаудираат и се радуваат со нив. Наместо тоа, таа се соочила со празен простор, маси и столови без гости и храна и пијалоци кои останаа неискористени.
@kalina_marie_23 Replying to @ophelia Everybody (Backstreet's Back) (Extended Version) - Backstreet Boys
И покрај разочарувањето од слабиот одѕив, Калина и Шејн решија да ги искористат моментите со оние кои се појавија, па таа подоцна сподели снимка од првиот танц и веселба со маскираните гости.
„Ова ме натера да се запрашам - зошто? Дали згрешивме? Дали сме толку неважни што луѓето не мислеа дека вреди да дојдеме?" Калина напишала и додала дека особено и било тешко што многу нејзини пријатели не испратиле ниту честитка или објаснување зошто не дошле.
Сепак, таа заклучила дека е благодарна на сопругот, детето и семејството кои биле тука за нив кога им биле потребни.
Мари и Шејн се свршени од 2019 година, но мораа да ја одложат венчавката поради пандемијата. Парот ги информирал гостите за точниот датум на почетокот на годината, а за тој посебен ден се радувале со месеци.
Видеото кое го сподели Калина е прегледано над 7,7 милиони пати, а коментарите на социјалните мрежи беа полни со поддршка и негодување за ситуацијата во која се нашле младенците.
Во подоцнежните објави, Калина призна дека таа и Шејн сè уште минуваат низ чувства на тага и непријатност поради тоа искуство. „Не би му посакала вакво нешто на непријателот“, рече таа на крајот.
Фото: Принтскирин/Тик токИзвор: Stil.kurir.rs