„Калуѓерки“ продаваат марихуана на верници: Одгледуваат различни видови опијати, а и тие консумираат џоинт (ФОТО)

Група девојки, кои себеси се нарекуваат „Сестрите од долината“, веќе неколку години живеат во американската сојузна држава Калифорнија и живеат од одгледување и продавање марихуана! Иако се облекуваат како типични калуѓерки, тие велат дека официјално не се поврзани со Католичката црква или други „стандардни“ верски институции.

Пред доаѓањето на пандемијата на коронавирус, „калуѓерките“ заработувале околу милион долари годишно од продажба на разни препарати од марихуана, но признаваат дека оставале големи количини и за „лична употреба“.


- Се занимаваме со духовни работи кои не се поврзани со религијата. Религиите продаваат само зборови, а ние сакаме да постигнеме многу повеќе од тоа. Нашето движење е еко-феминистичко со голема улога на спиритуалност - вели една од сестрите во интервју за „Сан“.

Во заедницата живеат шест жени, најстарата има 62 години и по цел ден одгледуваат марихуана. Велат дека им е доста од животот во „нормалниот“ свет, едни биле успешни менаџери, други студенти... Но, признаваат дека ова е подобро од тоа.


Препознаваме три типа на луѓе. Оние кои беа пред нас, мора да им бидеме благодарни што ни го отворија патот, потоа на сегашната генерација, која мора да обезбеди добра иднина за оние кои штотуку доаѓаат на земјата - додаваат ’сестрите’.

Признаваат дека заедно сакаат и да запалат.

- Порано пушевме „трева“ за да го избегнеме стресот, а сега кога нема толку стрес, работите се поинакви. Само додаваме малку THC на нашите CBD пакети за да не „допре“. Сакаме да готвиме и разни чаеви и колачи - заклучуваат „сестрите“.


Извор: србијаданас

Фото: Инстаграм - sistersofthevalley