Камерите го снимија моментот кога почна земјотресот во Турција: Апокалиптични сцени
- 06 Февруари, 2023
Катастрофален земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди југоисточна Турција (регионот Газиантеп) и северна Сирија.
По тој разорен земјотрес, следеа повеќе од 50 земјотреси. Бројот на жртвите се зголемува од минута во минута и веќе надмина 300.
Бројот на повредени исто така се мери во стотици, а бројни спасувачки екипи се испратени во погодените делови на Турција и Сирија за да трагаат по исчезнатите во урнатините.
Како што е соопштено, земјотресот бил на длабочина од 10 километри на самата граница на Сирија и Турција.
Најмногу настрада градот Газинтеп каде буквално како кула од карти се урнаа голем број куќи и згради.
Не само во Турција, туку и во Сирија, земјотресот предизвика масовно уништување на згради.
Сè уште има гласови од урнатините каде што нема помош..