Канада им се поклони на настраданите во пожарот: Нијагарините водопади во боите на Македонија плачеа за Кочани

Поддршка и почит за настраданите во страотниот пожар кој во смрт однесе 59 млади животи, пристигнува од сите страни.

Вчера во боите на Кочани светеа најпознатите водопади во светот, лоцирани во Онтарио, Канада, Нијагарините водопади.

Црвената и жолтата боја се прелеваа како знак на почит кон жртвите цели 15 минути.