Забава // Занимливости
Келнерката не можеше да поверува што направи овој гостин во ресторанот (ВИДЕО)
- 03 Февруари, 2022
Човекот нарачал телешки стек од килограм и опашка од јастог
Ресторанот House of Beef од Оукдејл во американската сојузна држава Калифорнија објави видео од бесрамен гостин кој украл скап оброк од ресторан. Тој не сметаше на поставување камери во ресторанот. Имено, човекот дошол во ресторанот и ѝ рекол на келнерката дека ќе чека друштвото да му се придружи. Но, по половина час, нарачал телешки стек и опашка од јастог и почнал да јаде.
На снимката се гледа како човекот зема парче стек и го завиткува остатокот во хартиена крпа што се наоѓала во корпата за леб. Цело време нервозно гледал наоколу, а на крајот го зел пленот и побегнал од ресторанот. Видеото на Фејсбук го објави келнерката Кристина Инграм.
Фото и Видео: Фејсбук