Кесичките со чипс секогаш се полу- празни, сепак постои добра причина за тоа

Не е важно каде купувате или која марка – кесичката со чипс секогаш ќе биде полу празна. Ова е често разочарувачко, а некои дури тврдат дека одредена марка ги краде и ги лишува од уживање. Но, тоа не е точно.

Ја дознаваме точната и вистинската причина за тоа.

Идејата за празниот дел од кесичката е дека воздухот во тој дел, т.е. азот, спречува компирчињата да бидат смачканипри транспортот. Ако нема азот, најверојатно ќе купите кесичка со трошки чипсови, а не фини помфрит компирчиња. Друга позитивна страна е тоа што азотот ги држи чипсовите да останат свежи, пренесува Reader Digest. Во исто време, азотот не е штетен за нас затоа што сочинува 78% од воздухот што го дишеме.

Ако имало обичен воздух во кесата, голема е веројатноста чипсовите да станат жилави. Во 1994 година, научниците откриле дека изложување на чипсови на азот ја зачувува својата крцкавост и свежина, но и дека вкусот е подобар!