КИНЕСКИОТ РОВЕР СЛЕТА НА МАРС: Плановите за освојување на Космосот продолжуваат (ВИДЕО)

Кинеското вселенско летало вчера успешно слета на површината на Марс, со што Кина е втора земја по САД што го стори тоа.

Tajnven-1 го спушти роверот на ледениот дел од Марс познат како Утопија Планитија, и стана првото кинеско вселенско летало на Црвената планета, објави државната новинска агенција Ксинхуа, пренесува Ројтерс.

По тој повод, кинескиот претседател Си Џинпинг испрати честитки до сите вклучени во оваа историска мисија.

На роверот Јуронг, именуван по стариот бог на огнот, му требаа повеќе од 17 минути да ги расклопи своите соларни панели и антена и да испрати сигнали до контролата на земјата повеќе од 320 милиони километри, а неговата задача е да ги проучува почвата и атмосферата на планетата .

Кина, исто така, стана третата земја, по Советскиот сојуз и Соединетите држави, што спушти ровер на Марс, но втората што го стори тоа успешно, бидејќи врската со советската сонда беше изгубена неколку секунди по слетувањето.



Во 2019 година, Кина стана првата земја што слета сонда на малку истражената крајна страна на Месечината, а во декември таа донесе карпи од Месечината на Земјата, што беше првпат некој да го направи од 1970-тите.

Пекинг планира и други амбициозни проекти кои вклучуваат воспоставување вселенска станица до 2022 година.