Кинеските научници открија нов вид на летечки диносауруси

Кинеските палеонтолози претставија фосилизиран скелет на видот Sinomacrops bondei, новооткриен примерок на летечки диносаурус покриен со конци слични на влакна.

Класифициран како вид на птеросаурус, овој мал летач поседувал заоблени очи и кратка тупава брада, што автоматски прави споредба со прекрасните Порги од филмот „Војна на вездите: Последниот џедај“. Авторот и палео илустраторот задолжен за создавање на реплика на ова мало суштество вели:

"Ова беше првиот анурогнатид пронајден со целосен череп отворен странично, овозможувајќи им на научниците да го разберат еволутивниот развој на овие видови и нивната диверзификација. Научното име на ова суштество, Sinomacrops bondei, е преземено од грчкиот збор за Кина, Сино, комбинирано со зборовите големо, макро и очи. Истражувачите го избраа Бонде да му оддадат почит на палеонтологот Нилс Бонде, за неговиот голем придонес и инспирацијата што ја даде на целата палеонтолошка заедница “.

Цели скелети, комплет со кожа, крзно, па дури и стомачна содржина беа пронајдени на едно место. Организмите беа закопани под слоеви на вулканска пепел, што создаде безвоздушна средина заслужна при зачувување на примероците и нивно одржување во одлична состојба. Остатоците од животни S. bondei се сместени во Музејот на палеонтологија во Џинџо, во западниот регион на Централна Кина.