Кирил Петков студирал на Харвард: Од живот во Ванкувер до премиер на Бугарија

Актуелниот премиер на Бугарија студирал на Харвард и има навистина имшпресивно обазование.

Кирил Петков Петков (17 април 1980 во Пловдив) — бугарски политичар, економист и стопанственик. Тој е Премиер на Бугарија од 13 декември 2021 година. Заедно со Асен Василев ја предводил „Ја продолжуваме промената“ (ПП), нова политичка формација во Бугарија која освои најмногу гласови на парламентарните избори во ноември 2021 година. Пред да стане премиер, од мај до септември 2021 година Петков беше министер за економија во првата преодна влада на Стефан Јанев.

Петков е роден во 1980 година во Пловдив, но израснал во Софија, каде неговите родители работеле како учители. Неговите родители емигрирале во Канада во 1994 година. Подоцна и тој се преселил кај нив и живеел со нив во Ванкувер.

Во Ванкувер, Петков дипломирал финансии на Универзитетот на Британска Колумбија. Потоа студирал на Харвард, каде се стекнал со магистратура по бизнис-администрација. Петков бил рангиран меѓу првите 10 % од неговата група. Еден од неговите предавачи бил Мајкл Портер, кај кого Петков специјализирал за развој на кластер-стратегии.

Петков работел за канадската компанија за храна Мекејн фудс како менаџер за корпоративен развој. Од 2007 година Петков развива проекти од областа на иновациите со висока додадена вредност. Неговата компанија Провиотик поседува неколку американски патенти во областа на биотехнологијата.

Петков е еден од основачите на Центарот за економски стратегии и конкурентност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, кој е поврзан со Харвард. Во Центарот предава курсеви за економски развој и микроекономија на конкурентност.

Од 12 мај до 16 септември 2021 година Петков е министер за економија во првата преодна влада на Стефан Јанев.

На 19 септември 2021 година Петко и Асен Василев го објавиле политичкиот проект „Ја продолжуваме промената“. Во рамките на истиот, Петков бил кандидат за пратеник и учествувал на парламентарните избори на 14 ноември 2021 година како носител на листите на коалицијата „Ја продолжуваме промената“ во два реони. Петков е избран за пратеник во 47. народно собрание на Република Бугарија.

На 13 декември 2021 година Петков е избран за премиер на Република Бугарија.