Кит голтна човек: Дали навистина овие џинови се непријателски настроени кон луѓето?
Нуркач се најде на насловните страници кога опиша како чудесно преживеал бидејќи бил „проголтан“ од грбав кит кај Кејп Код, Масачусетс. Мајкл Пакард изјави за Кејп Код Тајмс дека почувствувал туркање и „следното нешто што знаев дека е се ми беше целосно црно“. Тој се присети дека се борел во устата на китот долго врме пред да излезе на површина и да го исплука.
Иако грбавецот лесно може да го смести човекот во неговата огромна уста - која може да достигне околу дваесет метри - научно е невозможно китот да проголта човек штом ќе влезе внатре, според Никола Хоџинс од непрофитна организација за заштита на китови и делфини во Велика Британија.
Грлото на грбавецот е приближно со големина на човечка тупаница и може да се протега само до околу 15 инчи во дијаметар за да се смести поголем оброк.
Во случајот на Пакард, вели тој, веројатно бил „лижнат, а не проголтан“ пред китот да ја сфати својата грешка и веднаш да го исплука - веројатно трауматично искуство и за Пакард и за китот, кој само се обидувал да изеде риба.
„Пакард беше на погрешно место во погрешно време“, вели Хоџинс.
Не е прв пат луѓето наводно да завршат во устата на кит: во 2020 година, кајакари беа фатени во устата на грбавец кој се хранеше во Калифорнија.
Идејата китовите да голтаат луѓе одамна е дел од митологијата - толку многу што многу луѓе веруваат дека е вистина. Сепак, научно е невозможно сите, освен еден вид китови да проголтаат нешто големо колку човек.
Што всушност сакаат да јадат китовите
Во ретка прилика кога човек ќе се најде во устата на кит, тоа е речиси сигурно несреќа - делумно затоа што луѓето не се она што китовите јадат.
Китовите со заби, како што се орките, се хранат со плен, вклучувајќи лигњи и риби. Во меѓувреме, китовите како што се грбавите, сините, сивите - имаат посебни влакна во устата наместо заби и јадат мал плен како што се планктон, крил и мали риби.
Познати како baleen, овие влакна се направени од силен, но флексибилен протеин наречен кератин - истото од што се направени човечката коса и нокти - и се наредени како чешел. Кога се храни, китот зема огромна голтка морска вода и го користи балинот како сито за да ја задржи храната во устата додека ја турка водата низ празнините.
Што се однесува до Пакард, тој за Кејп Код Тајмс изјави дека планира да се врати на нуркањето веднаш штом ќе заздрави од повредите, кои вклучуваат оштетување на меките ткива, но без скршени коски.