Ќе издржиме уште 14 дена: Најдолгата вонредна состојба во историјата траеше скоро три децении
Претседателот на државата Стево Пендаровски прогласи нови 14 дена вонредна состојба. Во консулатција со Комисијата за заразни болести на денешниот Совет за безбедност заклучиле дека надлежните институции работат координирано со сите капацитети и ресурси за справување со пандемијата.
Законот за итни случаи односно вонредна состојба за првпат беше донесен во Египет во 1958 година, како закон бр. 162 од 1958 година. Вонредна состојба беше прогласена во 1967 година за време на арапско-израелската војна во 1967 година, која траеше до 1980 година.
По
паузата од 18 месеци, вонредна состојба беше повторно ставена на сила по атентатот врз претседателот
Анвар Садат во 1981 година и повеќе пати беше продолжувана на секои три години. Континуираната вонредна состојба беше една
од поплаките на демонстрантите кои предизвикаа египетска револуција од 2011
година.
Откако Хосни Мубарак поднесе оставка, законот за вонредни состојби истече на 31 мај 2012 година и со него вонредна состојба.