Ќе нуркаат во длабочините за да извлечат само едно нешто од Титаник: Наскоро тргнува експедицијата
Ноќта на 15 април 1912 година, „Титаник“ потона, фамозниот брод за кој се веруваше дека е неуништив. Со децении се водеше дебата околу тоа дали да се дозволат да се извлечат предметите од бродоломот, а сега конечно е одобрено тим на најдобрите експерти да се нурне на длабочина од 3,8 километри и да повлече само едно нешто на површината - телеграфот.
Се верува дека токму овој уредед содржи информации од непроценлива вредност и дека историјата на бродот би можела целосно да се промени.
Судот во Вирџинија издаде дозвола за такво дејствување и со тоа го поништи решението од 2000 година, со кое се забранува отворање на бродот.
Како што беше најавено, подморницата треба да се нурне во август или септември, а одлуката до сега беше одложена поради лошите услови и намалената видливост.
Досега, на површината на морето испливале околу 5.000 предмети, кои биле околу остатоците на бродот, но досега, наводно, ниту еден предмет не е земен од самиот брод.
Иако многу луѓе ја примија оваа вест со воодушевување, има такви кои не одобруваат отворање на бродот и влегување во „урната“. Се вели дека ова го нарушува мирот на трагично убиените души.
Да потсетиме, на „Титаник“ имаше повеќе од 2.000 патници во моментот на судирот со ледениот брег, околу 1.500 луѓе ги загубија животите.
Бродот потона ноќта на 14-15 април 1912 година, на околу 740 километри од најблиското копно, а првиот брод што дојде на спасување пристигна час и половина по потонувањето - долго откако и последната жртва почина во леденото море.