Ќе се кршат копја: И Путин и Трамп номинирани за Нобелова награда

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е номиниран за Нобелова награда за мир.

Номинацијата ја предложи норвешкиот десничарски политичар Кристијан Тајбринг Џеде поради историскиот мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

„Мислам дека тој направи повеќе обидувајќи се да создаде мир меѓу народите отколку другите кандидати за наградата за мир“, рече тој за „Фокс њуз“.

Во писмото што ја содржи номинацијата се вели дека постои надеж дека и другите земји од Блискиот Исток ќе ги следат чекорите на ОАЕ и дека споменатиот договор може да ги смени правилата на игра на Блискиот Исток и да дојде до соработка и напредок во регионот.

Тој исто така ја истакна улогата што американскиот претседател ја има во посредувањето меѓу конфликтните страни, како што се Индија и Пакистан, Северна и Јужна Кореја. Тој го спомена и повлекувањето на американските трупи од Блискиот Исток.

За да биде уште поинтересно, и Рускиот претседател Владимир Путин е номиниран за истата награда.

Рускиот писател Сергеј Комков објави дека го предложил рускиот претседател за Нобеловата награда за мир во 2021 година.

„Процесот по поднесувањето на мојата пријава до Нобеловиот комитет е веќе започнат! И никој не може да го спречи“, напиша Комков на својата фејсбук-страница.

Пријавата за номинација на рускиот претседател Владимир Путин за Наградата за мир била примена од Нобеловиот комитет во Осло на 10 септември, по што американската страна го номинирала американскиот претседател Доналд Трамп, рече Комков