Ќе ве заведе, ама и ќе се плашите: Со каква жена мажите не можат да се изборат?!
Општо познатое дека мажите мака мачат со паметни жени. Еве некои нивни карктеристики:
Колку што се жените попаметни, толку им е потешко да најдат сродна душа. Можат да одат на многу состаноци, но во некои моменти врската не им напредува понатмау. Но секој маж не е доволно силен за да може да застане рамо до рамо со паметна жена...
Тоа е мислењето на Рани Наим, која на сајтот „Thought Catalog“ објавува многу текстови за проблемите и феномените со кои се сретнува во секојдневниот живот. Таа наведува дека причините поради кои мажите не можат да се изборат со паметна жена се:Паметна жена поставува паметни прашања
Паметната жена сака да разбере се што се случува во вашиот живот и зошто тоа се случува и ќе поставува прашања на кои можеби ќе немате одговор. Дури и на првиот состанок, ќе сака да дознае повеќе за вашиот живот и поставување на лично и филозофски прашања.
Паметната жена е искрена Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот интегиртет. Ако било што ја прашате, ќе ви ја каже вистината и го очекува истото од вас. Паметната жена знае што сака Или кого сака. Таа веднаш знае дали и се допаѓате и не мора да „истражува“ или да оди на состаноци за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели, кои внимателно ги одбрала.
Паметната жена сака сериозна врска Сака долги разговори за вашиот живот, сака да слушне за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Сака вистински однос кој ќе напредува со текот на времето. Паметната жена не се плаши од интимноста Таа не се плаши да се доближи со некого или да биде повредена ако премногу открие за себе. Не мисли за тоа дали ќе ја жртвува својата слобода или ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја почитува убавината на интимноста во врската.
Паметната жена гледа низ вас Може да види кои сте и што ве прави ранливи. Таа никогаш нема да го злоупотреби тоа, туку сака да знаете дека ве разбира и дека не мора да глумите додека сте со неа. Паметната жена е интензивна Можеби делува малку застрашувачки, затоа што внесува страст и енергија во се што прави. Нејзините емоции се интензивни, како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна кон работите кои и се важни. Паметната жена знае како да сака Ако не може да ја сакате вистински, таа ќе си замине. Таа не знае како да се гледа од време на време со некој кој и се допаѓа или да биде пријателка со некој кој не е рамнодушна.
Паметната жена нема да ве чека да се двоумите. Таа е силна и страствена и нема да ги троши своите емоции на некој кој не ја почитува нејзината длабочина. Иако бара некој вид на љубов, таа не се плаши да биде сама.
Паметниот маж меѓутоа, знае да се носи со паметна жена!!!