Ќе ви се заледи крвта во овие топли денови: Морничавата историја на осамената руска тврдина на вештачки остров
Центарот на илегалната рејв и техно култура и забави, но и веројатно најинтересното место каде што се истражувале заразните болести и каде е откриена вакцината против чума.
Тврдината била изградена на вештачки остров во 1845 година со цел да ја заштити империјата.
Во Финскиот залив, помеѓу Санкт Петербург и Кронштат, се наоѓа утврдување кое го носи името на рускиот цар Александар I.
Вештачкиот остров на кој е изградена тврдината е направен така што низ гредите се пробива до дното за да ја „држи“ основата која била направена од бетон, песок и слоеви гранит.
За време на својата турбулентна историја, тврдината била поморска извидничка точка, место за фрлање шут, грутки јаглерод и други материјали, центар за нелегална рејв и техно култура и забави, но и, веројатно најинтересното, место каде што се истражувале заразни болести. Таму е истражувана и откриена вакцина против чума.
Токму затоа што не се „покажа“ како корисно воено утврдување, веднаш влезе во потесниот избор за место каде што би можеле да се најдат истражувачки центар и лаборатории.
Кон крајот на 19 век докторот Александар Јерсин го открил патогенот на чумата (1884), а руската влада веднаш формирала посебна комисија за спречување на ширењето на болеста и научен тим кој ќе се занимава со „бактериологија “.
Фото: Youtube/screenshoot